Ракометниот шампион на Македонија Вардар вечерва ќе го пречека унгарскиот Веспрем во првиот натпревар од осминафиналниот меч во Лигата на шампионите.
Еден од најдобрите ракометари на Унгарците, српскиот интернационалец, Петар Ненадиќ вели дека очекува тежок натпревар, бидејќи во Скопје атмосферата секогаш е специјална.
„Ќе биде навистина тежок натпревар бидејќи Вардар игра многу подобро откако пристигна Дејвис, а атмосферата во Скопје секогаш е специјална. Се подготвивме за натпреварот најдобро што можевме, спремни сме и се надеваме дека можеме да славиме и во првиот натпревар“, изјави Ненадиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за 18.45 часот, два и пол часа претходно клубот организира „фан-зона“ за навивачите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА