Нено Димитријевиќ и Милано триумфално на гости против Лион

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и Олимпија Милано запишаа важна гостинска победа над Лион од 66-75 во Евролигата, за место во зоната која носи битка за плејофот во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Разликата италијанскиот тим ја направи во последниот период од играта, кога беше обезбедена победата. Нено Димитријевиќ на паркетот мина десет минути, низ кои запиша три поени, дополнети со еден скок и една асистенција. Најдобар кај Милано беше Миротиќ со 18 поени, пред Ледеј со 17 поени, а кај Лион, Де Коло запиша 22 поени.

Грчки Олимпијакос воден од поранешниот МВП на Евролигата, Саша Везенков, успеа да слави на гостувањето кај литвански Жалгирис со 85-92.

Мајк Џејмс имаше одличен меч во дресот на Монако во победата кај Алба Берлин од 105-90. Американецот заврши со 23 поени, пред Стразел со 18 поени.

Се вчитува...