Нено Димитријевиќ со 14 поени го носеше Армани Милано во полуфинале на Купот

Македонскиот репрезентативец и член на Армани Милано Ненад Димитријевиќ, одлично го почна дуелот од 1/4 финалето на Купот на Италија, дербито против Виртус Болоња, кое на крајот му припадна на тимот од Милано со 91-77.

Димитријевиќ уште по првата четвртина имаше осум поени и две асистенции, во четвртина која Милано се стекна со предност од 20-18. Решавачки беше вториот период, кој Димитријевиќ и соиграчите го добија со 15-27, и после тоа немаше враќање за Виртус.

Димитријевиќ на крајот го заврши мечот со 14 поени за 19 минути минати на паркетот. Најефикасен беше Мухамет кај Виртус со 20 поени, додека кај Армани со 19 најдобар беше Шилдс.

Се вчитува...