Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе биде дел од спектаклот во чест на легендата на хрватската и европска кошарка, Дражен Петровиќ, кој ќе се одржи на 5. септември во Загреб.
Во Загреб ќе се соберат големи имиња на европската и светската кошарка во чест на легендарниот Дражен на голем ревијален кошаркарски спектакл.
„Ќе организираме најпрво гала вечера на која ќе се сретнат лицата кои имаа големо влијание на Дражен и европската кошарка, а не се сретнале меѓу себе долги години наназад“ – вели организаторката Зденка Здрилиќ.
На ревијалниот натпревар двете екипи ќе бидат водени од тренерите Жељко Обрадовиќ и Невен Спахија, а ќе играат и тројца актуелни кошаркари на Реал Мадрид, Кампацо, Тавареш и Муса. Дел од спектаклот ќе биде и хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња.
Но, нема да изостанат и НБА ѕвездите…
„Веруваме дека ќе биде тука Лука Дончиќ, а очекуваме потврда од уште неколку НБА ѕвзеди. Го очекуваме и Владе Дивац, а покрај тоа ќе бидат и претставниците на клубовите за кои Дражен играше во кариерата, како и актуелните челници на ФИБА предводени од Дејан Бодирога. За тимот на Дражен ќе настапи и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ од Олимпија Милано, но и Шејн Ларкин, Вања Маринковиќ, Валтер Таварес, Матијас Лесор, Бобан Марјановиќ, Торнике Шенгелија, Џанан Муса, Андреас Обст, Јака Блажиќ, Дешон Пјер“ – информира братот на Дражен, Александар Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА