Нено и Баерн немаа сила за изненадување против Олимпијакос, Партизан доживеа нов срам

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ го забележа првиот пораз како член на Баерн Минхен откако германскиот гигант вечерва загуби на гостувањето кај Олимпијакос со 95-80.

Oткако Баварците ја добија првата четвртина со 21-23, домаќините одиграа на високо ниво до крајот на мечот и заслужено се радуваа на триумф од 95-80. Димитријевиќ помина 22 минути на паркетот во кои постигна шест поени и запиша пет асистенции.

Партизан доживеа нов срам откако загуби на гостувањето кај Барселона со 88-70. Хернангомез со 16 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Двејн Вашингтон постигна 20 поени.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...