Нено Димитријевиќ и неговиот Хувентуд овогодишниот настап во Еврокупот го завршуваат во четвртфиналето откако шпанскиот состав беше поразен со 78-84 во вториот четвртфинален меч против Виртус Болоња. Италијанците имаа предност од 55-32 на срединта на третата четвртина, но и покрај тоа што Шпанците успеаја целосно да се вратат во игра и да поведат во финишот на мечот, не успеаја серијата да ја продолжат во „мајсторка“.
Димитријевиќ на овој натпревар за 13 минути поминати во игра забележа седум поени (3/5 за два, 0/1 за три) на кои додаде и три скока и една асистенција, но македонскиот репрезентативец имаше лошо доскокнување во третата четвртина при што успеа да се подигне од паркетот и да го продолжи мечот, но неколку минути подоцна излезе од игра и не се врати до крајот на средбата.
Во првиот натпревар кој беше одигран денеска, Будуќност ја испушти шансата да се пласира во полуфиналето на Еврокупот откако во вториот меч загуби од Монако со 64-74 на домашен терен. „Мајсторката“ ќе биде одиграна во среда со почеток од 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА