Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговата Олимпија Милано запишаа нова победа во Евролигата откако вечерва во 14. коло на домашен терен славеа над АСВЕЛ со 92-84.
Иако гостите подобро го отворија мечот и по првиот период имаа минимална предност од 18-20, во продолжението популарните „манекени“ одиграа многу подобро и без проблеми стигнаа до конечен триумф.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со четири поени надополнети со пет асистенции. Најефикасен кај Милано беше Ледеј со 15 поени, додека кај поразените Маледон постигна 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА