Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ и неговата Олимпија Милано продолжуваат со одличните партии во Евролигата, откако вечерва на домашен терен славеа над Црвена звезда со убедливи 101-86.
Италијанците уште од самиот старт го контролираа мечот и во ниту еден момент на гостите од Белград не им дозволија да се понадеваат дека можат да стигнат до полн плен. Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со четири поени, надополнети со четири асистенции и два скока. Најефикасен кај Милано беше Миротиќ со 23 поени, додека кај поразените Јаго постигна 17 поени.
Олимпијакос славеше на гостувањето кај Монако со 80-87. Фурние со 19 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Диало постигна 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА