Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Хунветуд на полувремето од 27. коло во шпанското првенство против Бургос имаат негатива од 44-35, откако по одличната прва четвртина (18-25), каталонскиот состав потфрли во вторите десет минути (26-10) и дозволи домаќинот да стигне до комотна предност.
Првата четвртина на мечот беше целосно во знакот на Македонецот кој за осум минути на паркетот оствари перфектен учинок со седум постигнати поени и реализација 2/2 за два поени и 1/1 зад линијата 6,75, надополнети со два скока и две асистенции, а го имаше и потегот на овој дел од натпреварот откако „танцуваше“ во рекетот и постигна поени од тешка ситуација.
До полувремето бекот не успеа да ја зачува „префекцијата“ откако промаши шут за три поени и обид од поле, но реализираше еден обид за два поени, а беше и асистент за тројката на својот тим.
? Sense espai! @Neno_D7 s’aixeca i la clavaaa! Crack!
? @MovistarBasket #53 pic.twitter.com/ZjykyMjPmC
— Club Joventut Badalona (@Penya1930) April 16, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА