Македонската кошаркарска репрезентација со победа ги започна претквалификациите за Евробаскетот 2025. Во крајно неизвесен натпревар во арената „Нествед“, Македонија славеше над Данска со поените на Ненад Димитијевиќ од над половина терен.
Во стилот на Душан Кецман, македонскиот бек кој беше лидер на нашиот тим во текот на целиот натпревар ладнокрвно погоди за три поени непосредно по шансата на Ифе Лундберг за победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА