Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ го забележаа вториот пораз во низа во руската ВТБ лига откако денеска помалку и изненадувачки загубија на домашен терен од Парма Перм со 70-72.
Иако лошо стартуваше во мечот Димитријевиќ и до три минути до крајот на мечот имаше само десет поени со реализација 3 од 12 од игра, нашиот кошаркар уште еднаш покажа дека е вистински лидер на овој меч и со девет поени во низа успеа да го врати својот тим во игра на една минута до крај (68-70). Откако гостите стрелаа, следуваа нови два поени на Димитријевиќ (70-72), гостите погрешија, а нашиот кошаркар тргна со своите соиграчи во напад за победа.
Сепак, следеше грешка на Димитријевиќ, а на крајот гостите успеаја да победат 70-72. Димитријевиќ натпреварот го заврши со 21 поен и повторно беше прво име во својот табор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА