Нено се врати, но Баерн претрпе шок

Ненад Димитријевиќ се врати на терените по ситната повреда, но неговиот Баерн Минхен претрпе шокантен пораз на гостувањето против Хамбург со убедливи 96-81. Баерн е лидер на табелата, Хамбург се наоѓа на 16. позиција, но пресметката со баварскиот гигант беше огромен мотив за домашните кошаркари кои одиграа одличен меч и заслужено стигнаа до убедлива победа.

Димитријевиќ поради болки во грбот не настапи на последните две евролигашки средби за Баерн, македонскиот плејмејкер денеска беше во тимот, ноо ниту тој не  можеше да го спречи резултатското фијаско на најдобриот германски клуб во моментов.

Македонскиот репрезентативец мина на теренот нешто помалку од 10 минути, период во кој реализираше скромни три поени и два скока.

Најефикасни во таборот на Баерн Минхен беа Обст со 22 и Џесап со 11 поени.

Се вчитува...