„Нено-шоу“ во Евролигата: Димитријевиќ со 15 поени за едно полувреме против „кралевите“

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ игра одлично прво полувреме во 8. коло од Евролигата за неговата Олимпија Милано во пресметката против еден од најдобрите европски клубови, Реал Мадрид.

Димитријевиќ демонстрира извонредна офанзивна лекција против кралевите, завршувајќи го првото полувреме со 15 поени и една асистенција, од кои 10 поени во втората четвртина.

Македонскиот кошаркар е убедливо најдобар на паркетот во првото полувреме, на дуелот на кој Милано води со 47-40 (24-16, 23-24).

Се вчитува...