Нено со Уникс и Рајковиќ со ЦСКА останaа единствени перфектни во ВТБ лигата

Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ останаа перфектни и по пет меча во руската ВТБ лига откако во дербито на 5. коло во крајно неизвесен натпревар славеа над Локомотив Кубан со 83-75. Домаќините подобро го отворија мечот и по десет минути игра имаа водство од четири поени 24-20. Оваа разлика ја задржаа и во вториот период па на пауза заминаа со предност од 43-39. Третата четвртина им припадна на гостите, но со одлична игра во последните пет минути Уникс остана максимален.

Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец во својот тим завршувајќи го натпреварот со 15 поени. Кај поразените со ист број поени заврши Џејлен Барфорд.

Македонскиот стратег Емил Рајковиќ останува перфектен во ВТБ лигата откако неговата ЦСКА Москва ја потврди фаворитската улога на гостувањето во Саратов кај Автодор. Рајковиќ против својот поранешен клуб стигна до убедлив триумф од 75-102.

Уште од самиот старт „армејците“ тргнаа силно и веќе на полувреме имаа двоцифрена предност (37-47). Во второто полувреме разликата само се зголемуваше за конечни 75-102. Никола Милутинов со 16 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Рајан Боутрајт заврши со 18 поени.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...