Мечот меѓу Германецот Томи Хас и Чехот Јан Весели на турнирот во Мајами доби непоканет гостин поради кој имаше осум минути прекин. Не станува збор за нјикаков „Џими Џамп“ туку за игуана која неочекувано се појави покрај теренот, а публиката и тенисерите се забавуваа со необичната ситуација додека луѓето од обезбедувањето се обидуваа да ја тргнат игуаната од теренот.Додека траеше прекинот на мечот, Томи Хас ја искористи можноста и направи „селфи“ со необичниот „посетител“ на мечот на кој беше поразен со 6-7, 6-3, 7-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА