Брентфорд и Вулверхемптон играа во ФА Купот за пласман во 1/16 финалето, кога главниот судија Тони Харингтон се одлучи да исклучи еден играч. Жоао Гомеш мораше да ја напуши играта откако доби црвен картон, но не оној вообичаениот, туку кругол. Тоа ги изненади многу од навивачите.
Повикувајќи се на судискиот форум, англиските медиуми објаснуваат дека круглиот црвен картон се покажува за да им се помогне на играчите и навивачите кои не ги разликуваат боите. Исто така овој облик бил доведен за да му помогне на судијата за брза реакција, односно да го разликува брзо жолтиот од црвениот картон. Има исто значење како и обичниот црвен картон, односно играчот мора да го напушти теренот.
Натпреварот заврши 1-1, а двата тима ќе мора да одиграат уште еден натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА