Неочекуван гаф на НБА: Јокиќ понижен како никогаш досега (ФОТО)

Никола Јокиќ, тројниот МВП во последните четири години во НБА-лигата, доживеа неочекувано понижување од раководството на НБА.

И покрај тоа што официјално е најдобриот играч во НБА, и покрај тоа што беше најзаслужниот и за олимпискиот медал на Србија во Париз, сепак не најде место на плакатот со кој е најавен распоредот за следната сезона.

Ова предизвика многу коментари на социјалните мрежи, но НБА воопшто не размислува за корекција. На најавниот плакат, се гледа дека Лука Дончиќ е во преден план, а заедно со него се Џоел Ембид, Леброн Џејмс, Бренсон, Дурант, Кари и Тејтум.

Се вчитува...