Неочекуван кандидат за клупата на Баерн Минхен

Сезоната за Баерн не е добра. Остана без трофејот во Суперкупот, а потоа и во Купот на Германија, а се на добар пат да останат и без титулата после 11 години по ред. Тимот по завршувањето на сезоната ќе остане без тренер, откако е јасно дека Томас Тухел ќе го напушти клубот на лето.

Во Баерн и натаму ја продолжуваат потрагата по нов тренер. До досегашните желби некако не им оди, па затоа би требало да се свртата кон ново решение. Желбата им беше Чаби Алонсо, но Шпанецот најверојатно ќе се реши за Ливерпул. Постојат некои експерти кои ги поврзуваат Зинедин Зидан и Роберто де Зерби, но сега од никаде се појави ново име.

Станува збор за „професорот по фудбал“ Ралф Рангник, кој во моментов е селектор на Австрија. Има договор до лето 2026 година, а пред ангажманот во Австрија, го водеше Манчестер Јунајтед. Тој во минатото беше дел од Шалке, Хофенхајм, Лајпциг, а работеше и во Штутгарт, Хановер и Улм.

Сега одлуката е во рацете на новиот спортски директор Макс Еберл кој пред победата на тимот над Мајнц, изјави дека нема да брза со одлуката околу новиот тренер.

Се вчитува...