Неочекуван кандидат за нов менаџер на Манчестер Јунајтед

Англиските медиуми објавуваат дека Роберто Мартинез е додаден на списокот кандидати за нов тренер на Манчестер Јунајтед.

Овој потег изненади многумина, затоа што Манчестер Јунајтед бара тренер кој може да донесе стабилност и квалитет, а Роберто Мартинез, според аналитичарите, не може да донесе апсолутно ништо повеќе од Карик кој во моментов добро ја врши работата како привремен тренер.

Сепак, клубот сака долгорочно решение, што Карик, според пишувањата на голем број светски медиуми, најверојатно не е.

Мартинез е познат по својата тактичка флексибилност и способност да води различни тимови на големи натпреварувања.

Неговото искуство во Премиерлигата и европскиот фудбал му дава дополнителна предност на листата на кандидати.

Се вчитува...