Неочекуван посетител во Лондон: Лисица на трибините на Стемфорд Бриџ (ВИДЕО)

Пред натпреварот помеѓу Челси и Барселона неочекуван посетител беше на трибините на „Стемфорд Бриџ“. Камерите забележаа лисица како се „шета“ по трибините на стадионот на Челси.

Од каде дојде ова животно и покрај толку обезбедување останува непознато. Но, за среќа ова се случи во миговите кога трибините беа празни, односно многу порано пред да се наполни стадионот на Челси за дербито со Барселона.

Се вчитува...