Неочекуван потег на Пешиќ, во репрезентацијата повика 18 годишен талент

Заминувањето на Немања Недовиќ од подготовките на српската кошаркарска репрезентација за престојното Светското првенство кое ќе се одржи од 25. август до 10. септември во Јапонија, Филипини и Индонезија го примори селекторот Светослав Пешиќ за неочекуван потег.

Искусниот стратег во репрезентацијата го повика младиот талент Никола Топиќ зад кој е одлично европско првенство за кошаркари до 18 година на кое ја предводеше Србија до златниот медал, а го освои и МВП признанието.

Младиот кошаркар на Мега ќе ги прекине подготовките со новиот клуб на Миконос и ќе се врати во Белград каде ќе му се стави на располагање на Пешиќ, потврди неговиот менаџер Мишко Ражњатовиќ.

Се вчитува...