Германскиот селектор Јулијан Нагелсман, ги поремети плановите на голманот Александар Нубел, откако го повика за настап на ЕВРО 2024 година. Чуварот на мрежата на Штутгарт неочекувано доби покана да биде дел од Германија на престојното ЕП, а тој веќе имал испланирано одмор, со оглед дека не очекувал да добие повик, кој не го добивал досега.
Наместо да замине во Африка на сафари, тој ќе биде дел од германскиот национален тим, за првпат меѓу сениорите. Овој голман кој е под договор со Баерн Минхен, во Штутгарт настапува како позајмен играч.
„Беше тоа изненадувачка вест за мене. Веќе испланирав одмор, но со задоволство ќе го откажам. Сакав да одам во Танзанија, на сафари, но има време за тоа. Ќе одам следната година. Едноставно се радувам што ќе бидам дел од репрезентацијата“, рече пресреќниот Нубел.
Тешко дека чуварот на мрежата ќе добие шанса, со оглед дека Нагелсман ќе треба да одлучува помеѓу Мануел Нојер и Марк-Андре тер Штеген кој ќе биде „единицата“ во германскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА