Денешниот тренинг на репрезентацијата бил неочекувано прекинат откако специјален гостин се појавил во базата на националниот тим.
Кристијан Ериксен откако беше отпуштен од болницата во која се лекуваше по претрпениот срцев удар на мечот против Финска, денеска ги изненадил своите соиграчи на тренингот предизвикувајќи огромна радост и насмевки меѓу фудбалерите во базата во близина на Копенхаген, пред одлучувачкиот натпревар со Русија.
„Никој од нас не знаеше дека ќе дојде Ериксен на денешниот тренинг. Веднаш го прекинавме тренингот и заминавме на мала дружба со него. Бевме навистина возбудени. Неговата посета донесе огромна позитивна енергија, тоа е тоа што ни беше неопходно“ – истакна данскиот репрезентативец Кристијан Нордгард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА