Неочекуван пресврт: Ќатип Османи, сепак, нема да ја води Шкендија!?

Ќатип Османи, сепак, нема да биде тренер на Шкендија, дознава ЕКИПА. И покрај тоа што се било договорено, во последен момент пропаднале преговорите, па така многу веројатно ќе нема „кам-бек“ на популарниот Ќато во таборот на тетовските „црвено-црни“.

До денешниот ден беше се договорено, а Шкендија денеска доби нов претседател и нов спортски директор. Кога се очекуваше да го промовира и новиот тренер, се случи пресврт. Не е познато која е причината што пропаднале преговорите со Османи.

Шкендија остана без тренер откако Артим Шаќири и клубот се разделија после „ремито“ со Македонија ЃП. Деновиве и дефинитивно ќе е јасно кој ќе биде новиот предводник на поранешниот првак.

Се вчитува...