Рома и Жозе Мурињо на Пауло Дибала му нудат 8 милиони евра по сезона. Тоа е повеќе од понудата на Интер, а исто така му одговара на Аргентинецот и од други причини.
Португалескиот стратег го гледа Дибала заедно со Абрахам во нападот на „волчицата“, додека Николо Заниоло би бил продаден за 50 милиони евра.
Италијанските медуми тврдат дека Дибала имал разговор со Мурињо и му ветил дека ќе дојде во Рим, што реално може да се случи. Од друга страна, Пауло им ветил и на навивачите на Јувентус дека нема да ги засили редовите на најголемиот ривал – Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА