Неочекуван проблем за ПСЖ: Се повреди Донарума

ПСЖ се соочува со неочекуван проблем откако повреда на првенствениот натпревар против Брест заработи голманот Џанлуиџи Донарума.

Парискиот тим соопшти дека станува збор за повреда на мускулот на десната нога поради која италијанскиот чувар на мрежата го очекува пауза од една недела.

Тоа значи дека францускиот првак нема да смета на првиот голман на средбата против Џирона на стартот на Лигата на Шампионите. Во негово остсуство очекувањата се дека шанса ќе добие 25-годишниот руски голман Матвеј Сафонов.

Се вчитува...