Шокатна и тотално неочекувана вест доаѓа од Мадрид, откако Тони Крос објави дека по крајот на сезоната заминува во пензија.
Ова е вест која ја објавија реномирани странски медиуми, а последните натпревари ќе ги одигра на Европското првенство во неговата Германија. Иако во последните месеци се шпекулираше дека тој наскоро ќе потпише нов едногодишен договор со Реал Мадрид, откако сегашниот му истекува на крајот на јуни, тоа нема да се случи…
Тони Крос најави враќање во репрезентацијата на Германија за која ќе настапи на ЕП 2024, но по денешната вест значи дека тоа ќе биде неговата проштална турнеа пред домашните фанови.
Крос професионалната кариера ја почна во 2009 година во Баер Леверкузен каде една сезона беше на позајмица од Баерн Минхен. Следните четири години ги помина во баварскиот тим, пред да премине во Реал Мадрид во кој остана до денеска. Во мечот против Борусија Дортмунд тој има шанса да стигне до својата шеста титула во Лигата на шампионите, а четири пати ја освојуваше Ла лига. Од мандатот во Баерн Минхен тој има три титули во Бундеслигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА