Полскиот голман Војчех Шчесни се реши да се пензионира на 34-годишна возраст. Негов последен клуб беше Јувентус, и откако го раскина договорот со овој тим, а не успеа да најде нов ангажман, се одлучи на неочекуваното.
Со оглед дека имаше понуди од неколку клубови, се очекуваше да продолжи да брани, и да се бори за место во полскиот национален тим за Мундијалот во 2026 година, но Шчесни имал други планови.
Поранешниот голман на Арсенал и на Рома, во Јувентус беше од 2017 година. По цели седум години, новиот тренер Тијаго Мота го донесе Ди Грегорио, што значеше дека за Полјакот нема место во тимот од Торино. Имаше понуди од Комо, и од Суадиска Арабија, но сите ги одби и се реши за крај.
За полскиот национален тим Шчесни има 84 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА