Неочекувани проблеми за Реал во Манчестер: Анчелоти „врие“, на Бензема му е смешно (ВИДЕО)

Експедицијата на Реал Мадрид се соочи со неочекувани проблеми на слетувањето во Манчестер пред утрешниот реванш дуел од полуфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

Ѕвездите на Реал останаа „заробени“ во аеородромската зграда во Манчестер речиси еден час по слетувањето затоа што нивниот закажан автобус, резервиран за време на престојот во англискиот град, го погрешил терминот за пречек.

Менаџерот Карло Анчелоти очигледно не беше многу среќен што неговиот тим остана цели 40 минути пред аеродромската зграда во очекување на автобусот, додека на Карим Бензема сето тоа, како што пренесуваат британските медиуми, му било само смешно… Најфрустриран меѓу играчите бил Лука Модриќ, кој не можел да верува во такво нешто.

Како и да по еден час чекање, „кралевите“ беа транспортирани до хотелот во Манчестер каде ги пречекаа бројни нивни навивачи…

Реал брка ново финале во Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Мадрид заврши без победник, 1-1.

Се вчитува...