ЕКИПА во Цирих, Швајцарија
Никола Ѓуровски
Со неочекувани проблеми се соочи македонската репрезентација пред полетување од Цирих за враќање во Македонија, по синоќешниот квалификациски натпревар против Лихтенштајн кој го играше во Вадуз.
Репрезентативците и целокупната македонска експедиција откако веќе беше сместена во авионот за враќање во Скопје од 12 часот, доби информација од капетанот на авионот дека ќе мора да се симне поради дефект на предното тркало од авионот.
Според последните информации од авио-компанијата задолжена за чартер летот од Цирих до Скопје, комплетната македонска експедиција сега повторно се враќа во аеродромската зграда во Цирих. Се очекува полетувањето за главниот град на Македонија да биде одложено за неколку часа. Дополнително ќе следат информации кога ќе биде враќањето во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА