Лошото време го принуди Челси да остане во Солун подолго од планираното. Менаџерот Маурицио Сари инсистираше екипата да си оди за Лондон веднаш по дуелот од УЕФА Европа лигата, но авионот на клубот не доби дозвола за полетување. Играчите останаа уште една вечер во хотелот во Солун, а за Англија ќе си одат денеска попладне.
Ова одложување на враќањето дома прави дополнителни проблеми во подготовките за премиерлигашкиот дуел против Вест Хем в недела. Сари секако негодуваше околу времето што го има за подготовки на тимот за претстојното коло, сега се соочува со дополнителни проблеми.
Челси со совлада ПАОК со 0-1 во дуелот од првото коло во групниот сегмент во Европа лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА