Сосема неочекувано, Интер Мајами остана без тренер откако е донесена одлука да се раздели со аргентинскиот стучњак Тата Мартино. Мартино дојде во 2023 година на клупата на Интер Мајами, а претходно ги водеше репрезентациите на Мексико и Аргентина, а беше тренер и на Барселона.
Тата Мартино важи за еден од омилените тренери на Лео Меси, и не е познато како сега тој ќе реагира на ваквиот потег на неговиот поранешен водач.
Одлуката била донесена од страна на стручњакот, кој што се решил да го напушти клубот, по испаѓањето во плејофот во МЛС Лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА