Двократниот најдобар тренер на Евролигата кој зад своето име има и два трофеи во најелитниот кошаркарски шампионат во Европа, Димитриус Итудис најде нов ангажман. Грчкиот стратег официјално седна на клупата на Хапоел Тел Авив, клубот кој се натпреварува во Еврокупот потпишувајќи тригодишен договор за кој ќе заработи три милиони евра.
Таму ќе наиде и на хаотична ситуација и бројни контроверзии како „бегството“ на еден од најдобрите кошаркари на тимот, Џонатан Мотли, како и јавната замена на тренерот Стефанос Дедас кој доби „отказ“ од претседателот на клубот, Офер Јанај на преконференција по натпревар.
Jанај на крајот беше задржан и тоа со зголемување на платата од 250 илјади евра на 400 илјади евра по сезона, но во иднина ќе служи како помошен тренер на Итудис. Гркот неофицијално ќе добие 4,6 милиони долари за следните две и пол години како предводник на Хапоел, со богати бонуси за секој освоен трофеј со овој клуб, со што Итудис дефинитивно ќе биде меѓу Топ 3 најплатените тренери во Европа во наредниот период.
באתי להגביר את הקצב בשבילה! pic.twitter.com/QOlOaL89K3
— Hapoel Tel Aviv BC (@HapoelTLVBC) November 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА