Неочекувано: Ендрит Красниќи и Шкендија се разделија

Шкендија денеска соопшти дека е постигнат спогодбен договор за раскин на договорот со фудбалерот Ендрит Красниќи. Од тетовскиот тим сооптшија дека разделбата е од семејни причини на фудбалерот.

„Шкендија во овие моменти покажа разбирање и чувствително, секогаш ставајќи ја  благосостојбата на играчите во преден план. Одлуката на Ендрит да му се помогне во обидот да биде поблиску до семејството е доказ за високите вредности кои ги застапува нашиот клуб“, стои во соопштението на Шкендија.

Пред една година Красниќи дојде во Шкендија од Приштина. Играше во Дрита, како и во шпански Луго.

Се вчитува...