Во финалето на АБА 2 лигата ќе се сретнат Босна и Илирија, што секако е неочекувана двојка во битката за трофејот во второлигашкото регионално натпреварување.
Синоќа во „Скендерија“ Босна ја совлада Војводина со 75-66 и со тоа се пласираше во финалето, по 2-0 во полуфиналната серија. На првиот натпревар во Нови Сад беше 92:91 за тимот од Сараево. Помалку неочекувана елиминација за тимот на македонскиот тренер Владимир Мирковски кој претходно имаше одлична сезона во АБА2 лигата.
Харис Делалиќ постигна 15 поени, Петар Ковачевиќ 12, а Јуре Зубац и Џерод Бест по 10, кои беа предводници во победата на домашните. Во таборот на Војводина Филип Ребрача постигна 15 поени, Милош Стајчиќ 13, а Скучи Смит заврши со 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА