Најавеното заминување на првиот голман Јан Зомер кој што изрази желба да му се приклучи на Галатасарај му создава големи проблеми на Интер да најде адекватна замена за неговите услуги.
Раководството размислува и за неочекуван потег, во Милано да го врати поранешниот голман Андре Онана кој во 2023 година токму од Интер се пресели во Манчестер Јунајтед за неверојатни 50.2 милиони евра.
Онана со успех го носеше дресот на Интер една сезона забележувајќи 19 натпревари без примен гол на 41 одиграни средби, но не се прослави во Манчестер Јунајтед кој повеќе нема трпение за неговите грешки. Не се исклучува и можноста за едносезонска позајмица со можност за откупување на неговиот договор од околку 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

