Неочекувано прекинат меч во Премиерлигата поради загрозена безбедност на играчите!

Неочекувано натпеварот меѓу Саутемптон и Астон Вила во Премиерлигата денеска беше прекинат поради загрозена безбедност на актерите на теренот.

Дуелот кој стартуваше н „Сент Мери“ во 16 часот набрзо беше прекинат откако беше приметен дрон кој лета над теренот, што доведе до акција на безбедносните служби.

Веднаш беше донесена одлука играчите на двата тима да се упатат кон соблекувалните. Главниот судија Мајкл Салисбјури веднаш го прекина дуелот, разговараше со капитените на тимовите кои мораа да се упатат кон соблекувалните.

Дронот потоа се оддалечи од стадионот, а по 10 минути играчите се вратија на терен и натпреварот продолжи… На крајот дуелот заврши со победа од 0-1 на Астон Вила со голот на Воткинс во 77. минута од средбата.

 

Се вчитува...