Неочекувано: Саутгејт ја менува формацијата, ќе се „коцка“ во големото финале!

Англискиот селектор Герет Саутгејт е подготвен да ризикува и да ја промени тактичката формација за вечерашното финале со Италија.

Бројни медиуми на „островот“ најавија дека Саутгејт е решен вечерва да настапи во формација со тројца играчи во последната линија, тактика што ја користеше единствено во осминафиналето против Германија. На сите останати средби Англија играше со четири фудбалери во линија во дефанзива, но Саутгејт е убеден дека Италија е ривал што може да го добие со „германскиот рецепт“.

Ова ќе значи вклучување на Киран Трипие во стартниот тим како десен бек и преселба на Кајл Вокер во централен дефанзивец, заедно со Мегваер и со Стоунс. На левата бековска позиција останува одличниот Лук Шо, а централни играчи за врска и на овој меч ќе бидат Рајт и Филипс.

Рахим Стерлинг и Хари Кејн се сигурни во напаѓачкото трио, а Мејсон Маунт според најавите би требало да добие предност пред Сака за последното место во стартниот тим за ова големо финале.

Се вчитува...