Неочекувано силно невреме над Скопје: Тревникот на Арената покриен со град (ФОТО)

Неочекувано силно невреме над Скопје на само два часа пред почетокот на квалификацискиот натпревар меѓу Македонија и Белгија за пласман на СП 2026 кој почнува од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“.

Силни падежи на град, во големина на орев, го „нападнаа“ главниот град на Македонија, и тоа како влијаејќи и на тревникот на арената „Тодор Проески“.

Тревникот на нашиот најголем стадион во моментов е целосно покриен со град. Веднаш се активираа службите од арената и ФФМ, како би се создале услови за одигрување на дуелот меѓу Македонија и Белгија.

Се вчитува...