Стоперот Абдел Руатубјаје не е повеќе играч на Шкупи. Чаирскиот тим по мечот со Силекс во Кратово по вторпат се раздели со дефанзивецот од Руанда, притоа не ги образложи причините за неговто заминување.
Руатубјаје играше во Шкупи во шампионската сезона 2021/22, а потоа беше дел од Рајон Спорт, по што на почетокот на годинава одново се врати на Чаир. Ова е сосоема неочекувана промена, со оглед на фактот дека чаирската екипа најави битка за титулата, но не оди најдобро во сезоната, затоа што тимот во четири кола има два порази и само една победа, против Вардар од 3-0.
Руатубјаје вчера го одигра целиот меч во Кратово, во кој Шкупи беше поразен од Силекс со 2-1.
„Се разделуваме со важен играч. Придонесот за тимот секогаш беше важен како на теренот така и надвор од него. Дури и кога се збогуваме, твојата посветеност и пожртвуваност за овој клуб се секогаш ценети. Вратите на нашиот тим се отворени за тебе по завршувањето на кариерата. Шкупи ти посакува успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението на тимот од Чаир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА