Неповторлив: Ибрахимовиќ испиша нова историја во Лигата на шампионите

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ се врати во Лигата на шампионите и испиша историја во ова натпреварување. Тој е првиот фудбалер кој настапил за седум различни клуба во елитната европска конкуренција.

Ибрахимовиќ во својата кариера играше во ЛШ во дресовите на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и на Манчестер јунајтед. Досега Златан го делеше рекордот со Никола Анелка и со Хавиер Савиола, кои имаат играно со шест различни тимови во ЛШ.

Швеѓанецот влезе во игра во второто полувреме на мечот против Базел, кога во 74.минута го замени Антони Марсијал.

Се вчитува...