Неповторлива: Марта е број 1 во женскиот фудбал

Бразилката Марта е добитничка на наградата за најдобра фудбалерка за 2018 година. Извонредната фудбалерка која со години доминираше на терените повторно имаше фантастична сезона, па сосема заслужено стигна до шестата ваква награда во својата неповторлива кариера, прва по воведувањето на „The best“ наградите од страна на ФИФА.

За најдобар тренер во женска конкуренција избран беше Рејналд Педрос, сосема заслужено со оглед на доминацијата што овој стратег ја има со тимот на Лион, стигнувајќи до три титули во низа во Лигата на шампионите. Педрос дојде до признанието во конкуренција на Асако Такакура и на холандската селекторка Сарина Вајгман, која лани ја освои оваа награда.

Се вчитува...