Сосема извесно многу ќе се зборува за голот со кој Марсеј замина во финалето од Лигата на Европа. Поточно, и тоа како ќе се зборува за ситуацијата која претходеше на погодокот и неоправдано досудениот корнер.
Во 116. минута, на изненадување на сите на „Ред Бул арената“, главниот судија досуди корнер за Французите иако беше очигледно дека последен со топката играше фудбалер на Марсеј. Па, потоа судиската неправда се претвори во вистинска трагедија откако по корнерот Роландо погоди за намалување на резултатот на 2-1, со што австрискиот тим остана без пласман во финалето и историски резултат.
Marseille on their way to the #UEL final, scoring off a corner kick which was actually a goal kick. Terrible mistake from the refs #FCSOM pic.twitter.com/R5tsHMi9Wj
— Jonah Takalua (@Destaquito2) May 3, 2018
По судиските грешки во Лигата на шампионите, сега и овие грешки во второто по квалитет европско клупско натпреварување. Судбината на екипите ја одлучуваат судиите. Факт е дека на сето ова УЕФА, сакала или не, ќе мора да реагира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА