Неправдата исправена: Левандовски е фудбалерот на годината!

Напаѓачот на Баерн Минхен,Роберт Левандовски е прогласен за фудбалер на годината во изборот на ФИФА, која се потруди да ја исправи неправдата по „украдената“ Златна топка.

Левандовски во финалниот избор за наградата „The Best“ беше подобар од Лионел Меси и Мохамед Салах, на тој начин реванширајќи му се на Аргентинецот кој му ја зеде Златната топка.

На свеченоста во Цирих, за најдобар голман е прогласен Едуард Менди од Челси, додека во женска конкуренција тоа е Кристиане Ендлер од Лион. Голот на Ерик Ламела во дресот на Тотенхем против Арсенал е прогласен за гол на годината, додека медицинскиот тим на репрезентацијата на Данска која му ги спаси животот на Кристијан Ериксен ја доби наградата за фер-плеј.

Наградата за тренер на година ја доби Томас Тухел кој со Челси триумфира во Лигата на шампионите.

Избран е и дрим-тимот за 2021 година: Донарума, Алаба, Бонучи, Диас, Де Брујне, Жоржињо, Канте, Левандовски, Роналдо и Халанд.

Се вчитува...