Непријатна вест: Поранешниот македонски селектор Катанец со дијагностициран рак?

Поранешниот македонски селектор Среќко Катанец го откажа своето учество на подготвителниот камп на репрезентацијата на Узбекистан поради здравствени проблеми.

Узбекистанската фудбалска федерација кратко информираше дека селекторот на оваа репрезентација Среќко Катанец, поради здравствени проблеми, нема да ја предводи селекцијата на планираните подготовки.

А, медиумите од оваа земја, пак, информираат дека повторно е влошена состојбата на 61-годишниот Катанец откако претходно, наводно, му бил дијагностициран рак, и покрај тоа што од федерацијата нема официјална потврда за тоа. Медиумите пренесуваат дека, и покрај тешката болест, Катанец изминатиов период продолжил да ги извршува своите работни обврски како селектор на Узбекистан.

Катанец беше осмиот македонски селектор кој ја предводеше Македонија во периодот од март 2006 година до април 2009 година. Ја предводеше Македонија на вкупно 16 официјални квалификациски натпревари, издвојувајќи се како еден од најзабележителни македонски селектори во историјата.

Се вчитува...