Шкупи цврсто граби кон есенската титула во домашниот шампионат по победата во дербито на претпоследното коло од првиот дел на сезоната против Шкендија.
Творец на победата на чаирчани беше Кристијан Трапановски со извонредна индивидуална мајсторија која, без сомнение, уште еднаш само ги потврди неговите квалитети како една од клучните алки за Шкупи есенва на патот до лидерската позиција.
Во последното есенско коло Шкупи, предводен од Младен Жижовиќ од клупата, ќе гостува на АП Брера во Струмица за потврда на есенската шампионска круна…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА