Бесарт Ибраими е апсолутно неприкосновен стрелец во историјата на македонскиот фудбал.
Ибраими, сега со Струга ТЛ, дојде до петти пат во кариерата до титулата најдобар стрелец во Првата македонска фудбалска лига.
Голгетерот кој со 186 гола е и најдобар стрелец во историјата на македонската Прва лига, сега повторно го освои врвот на најдобрите стрелци и за сезоната 2022/23 со вкупно 19 постигнати погодоци. Иако првпат е и најдобар стрелец со помалку од 20 постигнати гола во сезоната, сепак тоа апсолутно не ја намалува тежината на рекордот кој ќе биде силен предизвик за идни генерации офанзивци.
Првата „златна копачка“ ја освои во сезоната 2015/16 со 26 гола, следната беше најдобар со 20 погодоци, а хет-трик во низа запиша во сезоната 2017/18 кога ја подели наградата со својот некогашен соиграч Ферхан Хасани завршувајќи ја сезоната со по 22 гола. Четвртата награда најдобар стрелец ја имаше во сезоната 2020/21 кога постигна 24 гола, повторно во дресот на Шкендија. Сега првпат најдобар стрелец е со друга екипа, Струга ТЛ.
Зад Ибраими на листата е неговиот соиграч Буњамин Шабани со 12 гола, и Реналдо Цепас од Шкупи со 11 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА