Непристоен предлог од Балотели: Ако ме сакате мене, купете го и брат ми…

Преговорите меѓу Марио Балотели и Фламенго се прекинати откако раководството на бразилскиот клуб остана разочарано од „непристојниот предлог“ што италијанскиот голгетер го достави за време на последната рунда разговори. Бразилските медиуми најавуваа дека синоќешните преговори ќе бидат крунисани со потпис на двогодишен договор меѓу „Супер Марио“ и Фламенго, но ситуацијата се променила откако голгетерот во преговорите го вклучил и својот брат Енок.

Имено, Марио инсистирал Фламенго да го ангажира Енок и потоа да го испрати во нисколигашот Боависта, кој важи за филијала на Фламенго. Покрај тоа, Балотели барал и гаранција дека неговиот брат ќе одигра најмалку десет натпревари за Боависта.

Ако на ова се додаде и платата од вкупно девет милиони евра за двогодишна соработка, јасно е зошто на челниците на бразилскиот им „пукнал филмот“, па решиле да ги прекинат преговорите. И како што стојат работите, целосно да го откажат трансферот на проблематичниот голгетер.

Се вчитува...