Антонио Конте доби неверојатна понуда од Италија! Тренерот на Челси сака на својата клупа да го водат сопствениците на Интер.
Луѓето од кинеската групација Сунинг, наводно, се цврсто решени да го доведе од јуни Антонио Конте, па како што пренесуваат денеска италијанските медиуми, подготвиле за него четиригодишен договор според кој би заработил дури 60 милиони евра.
Но, на сето тоа, тренерот кој со Челси сезонава е на чекор од титулата во Премиер лигата, би добил плус и 400 милиони евра за засилувања. Огромна сума со која Интер од следната сезона би се вратил меѓу најконкурентните екипи од Апенините за титула.
Добрите познавачи на европските фудбалски прилики, сепак, и покрај оваа понуда не веруваат дека Конте ќе замине од Челси и ќе се врати во Италија. Според аналитичарите оваа понуда сопствениците на Интер свесно ја пласираат во европски фудбал, меѓу другото и како знак дека „нераѕурите“ се подготвени за враќање во врвот на европскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА