Арсен Венгер, по цели 22 години на клупата на Арсенал, ова лето го напушта кормилото на „топчиите“. Францускиот стратег потврди дека заминува, притоа порачувајќи дека ќе ја продолжи тренерската кариера.
А, само неколку дена по објавувањето на заминувањето од Лондон, Французинот веќе има сериозни понуди на маса. Една од нив и од далечната Кина. Како што пренесуваат англиските медиуми, Венгер веќе добил понуда која е тешко да се одбие.
Кинески прволигаш, чии име не се објавува, му понудил на Венгер плата од неверојатни 24 милиони фунти годишно. Доколку францускиот стратег се одлучи да ја прифати оваа понуда тогаш ќе стане убедливо најплатениот тренер во светот, поминувајќи го актуелниот селектор на Кина, Марчело Липи.
Но, многумина блиски на Венгер нагласуваат дека тој сака да остане во Европа. Пред се ја чека разврската од ситуацијата во ПСЖ каде би се преселил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА